Бразил донесе пресуда со која можат да се ослободат 5.000 затвореници, меѓу кои и Да Силва

од Maja Serafimova

Врховниот суд во Бразил донесе пресуда со која може да дојде до ослободување на речиси 5.000 затвореници кои сè уште ги обжалуваат своите пресуди, меѓу кои и поранешниот претседател Луис Инасио Лула да Силва и други моќни уапсени лица за време на истрагата за корупција.

Судот одлучи дека лицата можат да бидат затворени дури откако ќе бидат поминати сите жалби до повисоките судови.

Одлуката оди во корист на Да Силва, чии адвокати рекоа дека денеска ќе побараат негово ослободување.

Овој потег првично ќе зависи од судијата со седиште во градот Куритиба, каде е затворен поранешниот претседател.

Пресудата вклучува и други осудени лица во случаи што произлегуваат од таканаречената истрага „Автопералница“, меѓу кои десетици политичари и бизнисмени во Латинска Америка.

Тие сега можат да бараат ослободување.

Слични содржини