Бразил: Федералната полиција отвори истрага против Болсонаро

од Stefanija Kuzmanovska

На барање на Врховниот суд, бразилската федерална полиција официјално отвори истрага против бразилскиот претседател Жаир Болсонаро во врска со наводни нерегуларности при купување на индиската вакцината против коронавирус и сега може да се испита за што станува збор, изјави неименуван извор.

Се наведува дека имало неправилности во врска со договорот вреден 1,6 милијарди реали (316 милиони американски долари) потпишан во февруари за 20 милиони дози со бразилскиот посредник на производителот на вакцини, Барат Биотех, пренесува „Танјуг“, повикувајќи се на „Ројтерс“.

Комисијата на бразилскиот сенат, која ги истражува постапките на администрацијата против пандемијата, наведе дека се сомнева дека цената е превисока и дека има корупција во врска со потпишувањето на договорот.

Некои сенатори тврдат дека Болсонаро не ги проучил веднаш наводите за недозволени активности кога бил предупреден.

Откако беа објавени извештаи за неправилности, владата го прекина договорот.

Федералните обвинители на Бразил и генералниот контролор исто така одделно ги испитуваат наводните неправилности во договорот.

Болсонаро негира дека сторил нешто незаконско.

Слични содржини