БРАЗИЛ: Над 115 илјади новозаразени од корона за еден ден

од Vladimir Zorba

Во последните 24 часа се регистрирани 115.228 нови случаи на коронавирус во Бразил, што е рекорден дневен биланс од почетокот на пандемијата, објави Министерството за здравство.

Од последниот пресек починале 2.392 луѓе, пренесе „Гардијан“.

Досега се пријавени повеќе од 18 милиони луѓе заразени во Бразил, а починале 507.109 лица.

Слични содржини