Бразил: Над три милиони заразени и 100.000 починати

од Vladimir Zorba

Пет месеци по првиот случај на коронавирус во Бразил, бројот на заразени во таа земја надмина три милиони, а повеќе од 100.000 починаа.

Во последните 24 часа се регистрирани 49.970 нови случаи на коронавирус, така што во земја со 210 милиони жители се заразени вкупно 3.012.412 лица.

Уште 905 лица загинаа, а 100.417 лица починаа од почетокот на епидемијата, соопшти Министерството за здравство.

Првите 50.000 луѓе починаа за три месеци, а потоа уште 50.000 за 50 дена, пренесува Ројтерс.

Врховниот суд и Конгрес на Бразил, институции кои го критикуваат начинот на кој претседателот Жаир Болсонаро ја води борбата против пандемијата, прогласи три или четири дена национална жалост за 100.000 жртви на коронавирус.

Претседателот Болсонаро сè уште не зборувал по тој повод.

Слични содржини