Бразил: Тридневна жалост поради смртта на бразилската фудбалска легенда Пеле

од Stefanija Kuzmanovska

Владата на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој во недела ја напушта претседателската функција, прогласи тридневна жалост поради смртта на бразилската фудбалска легенда Едсон Арантес до Насименто Пеле.

Во владиното соопштение се вели дека Пеле бил голем граѓанин и патриот, кој го воздигнувал името на Бразил каде и да одел, објави „Ројтерс“.

Наследникот на Болсонаро, Луис Игнасио Лула да Силва, на Твитер напиша дека има малку Бразилци кои го носеле името на Бразил толку далеку како него.

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле почина вчера на 82-годишна возраст. Едсон Арантес до Насименто – Пеле важи за еден од најголемите играчи на сите времиња. Со репрезентацијата на Бразил три пати беше светски првак, успех кој го нема повторено ниеден друг фудбалер.

 

Слични содржини