Бразилскиот претседател Болсонаро потврди дека има корона

од Stefanija Kuzmanovska

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро потврди за домашните медиуми дека е позитивен на коронавирусот и дека тоа е резултат на тестот што го извршил во понеделникот, пренесе Си-Ен-Ен.

Во изјавата за бразилските медиуми, Болсонаро рече дека на сите им било јасно дека вирусот порано или подоцна ќе влијае на значителен дел од населението.

„Резултатот од мојот тест е дека сум позитивен“, рече Болсонаро, како што објавија Си-Ен-Ен.

Болсонаро честопати им пркоси на упатствата за физичко растојание, препорачани од повеќето здравствени експерти и го отфрла вирусот како „мал грип“, поради што беше критикуван за намалување на сериозноста на епидемијата.

Бразил се најде на второто место во светот по бројот на заразени и мртви од ефектите на коронавирусот, по Соединетите држави, покажуваат податоците на сајтот „Worldometers“.

Слични содржини