Бразилскиот претседател може да биде обвинет за убиство

од Nikola Popovski

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро може да се соочи со обвинение за убиство поради неговата улога во пандемијата на коронавирус во земјата, се наведува во извештајот на истрагата на Сенатот.

Документот од 1.078 страници беше објавен денеска од бразилските медиуми, а комисијата може да гласа за одлуката следната недела, пишува Гардијан.

Документот дава катастрофална слика за занемарување, неспособност и анти-научно негирање за кое многумина веруваат дека го дефинираше одговорот на администрацијата на Болсонаро на вонредната ситуација во јавното здравство во Бразил, каде што повеќе од 600,000 луѓе починаа како резултат на коронавирусот.

„Намерната и свесна“ одлука на Болсонаро да го одложи купувањето на вакцини против Ковид-19 непотребно осуди илјадници луѓе на смрт, се вели во извештајот, додавајќи дека „математиката за ситуацијата беше јасна, колку повеќе инфекции, толку повеќе смртни случаи“.

Слични содржини