Бразилците „газат“ во квалификациите – победија во седми натпревар по ред

од Vladimir Zorba

Фудбалската репрезентација на Бразил ја оствари седмата последователна победа во квалификациите за Јужна Америка за СП 2022 година во Катар и се наоѓа на првото место во групата со 100% учинок. Петкратниот светски шампион го победи Чиле со 1-0, а стрелец на единствениот гол беше Евертон Рибеиро во 64. минута.

Бразил е на првото место со 21 бод, додека Аргентина заостанува шест бода по победата од 3-1 на гостувањето кај Венецуела. Лаутаро Мартинез (45), Хоакин Кореа (71) и Анхел Кореа (74) погодија за двократниот светски шампион во Каракас, додека почесен гол за домаќините постигна Џеферсон Сотелдо во четвртата минута од продолжението.

Во преостанатите три натпревари од квалификациите за Јужна Америка, Еквадор го победи Парагвај со 2-0, додека Боливија и Колумбија, Перу и Уругвај одиграа 1-1.

Слични содржини