Бред и Анџелина се борат за имот вреден над 160.000.000 долари!

од Vladimir Zorba

Илјадници хектари од францускиот имот Шато Миравал ги делат Анџелина Џоли (46) и Бред Пит (57), а порано имаше посебно значење за парот, каде што одржаа тајна венчавка во 2014 година.

Анџелина сега е обвинета дека се обидела да ја продаде својата половина без да го извести Бред.

Имотот вреди 164.000.000 долари, а поранешните сопружници станаа рамноправни сопственици дури кога Бред префрли 10% од уделот во сопственост на Анџелина, па тие повеќе не беа во износ од 60-40.

Наводно, како дел од нивниот договор, имало ставка со која требало да се консултираат едни со други пред евентуалната продажба, која Анџелина не ја испочитувала.

Џоли поднесе барање за развод во 2016 година, по што двојката доби заедничко старателство над петте деца кои се уште не се полнолетни. Анџелина сака да има целосно старателство, а моментално има војна на тоа поле меѓу поранешните сопружници.

Заедно со нивниот син Медокс (19), тие имаат и 5 малолетни деца: Пакс (17), Захара (16), Шајло (14) и близнаците Вивиен и Нокс (12).

Слични содржини