Бред Пит ја доби маратонската правна битка против Анџелина

од Nikola Popovski
938 прегледи

Холивудскиот актер Бред Пит ја врати контролата врз француската винарија „Шато Миравал“, која ја купи со поранешната сопруга Анџелина Џоли, по пресвртот во таканаречената „Војната на вината“.

Откако се разделија во 2016 година, поранешната двојка се бореше за старателството над нивните деца. Винаријата, исто така, веќе некое време е контроверзна тема. Откако Анџелина наводно ги продала своите акции од имотот без негова согласност, Пит ја тужел својата поранешна сопруга. Нејзините адвокати потоа поднесоа противтужба, објави „Дејли мејл“.

Винаријата, каде Бред и Анџелина исто така се венчаа во 2014 година, веќе некое време е во центарот на судската битка меѓу двајцата актери. Таа ја продаде својата половина на подружница на конгломератот за пијалоци на рускиот милијардер Јури Шефлер. Во летото 2021 година, Бред наводно дознал преку медиумите дека Анџелина го продала својот удел на руски олигарх, кого тој претходно го одбил како купувач. Бред потоа поднел тужба против неговата поранешна сопруга, обвинувајќи ја дека се обидела да го исклучи од можна продажба, додека таа самата правела се што можела за да се ослободи од својот дел. Дотогаш и двајцата сè уште поседуваа 50 отсто од акциите во луксузниот имот.

Сега, како што пишува Дејли Мејл, судот во Луксембург ѝ одзел на компанијата на Шефлер дел од акциите кои Бред првично ѝ ги подарил на Анџелина, со што холивудската ѕвезда го вратил водството во правната битка. Извор близок до актерот потврдил дека Шефлер, кој е на чело на империјата за вотка „Столичнаја“, „практично нема право на глас“, како резултат на пресудата.

Изворот додал: „Бред се борел за својата цел. Шефлер и Анџелина очигледно го потцениле“.

Бред Пит наводно ја обвинил својата поранешна сопруга за одмаздољубивост во претходно објавените судски документи. Тој тврди дека „тајно“ соработувала со Шефлер за да се осигура дека тој би бил „оставен во сенка“ околу купувањето.

Поднесоците, исто така, наведуваат дека Анџелина ја донела одлуката само „по несаканата одлука за старателство“ во која на Пит му било доделено заедничко старателство над нејзините шест деца – одлука што подоцна била поништена.

„Нејзината одлука да ги прекине преговорите со Пит беше намерна и измислена“, се вели во документот поднесен во Врховниот суд во Лос Анџелес, а пренесува „Page Six“. „Како што ќе се покаже на судењето, постапките на Џоли беа незаконски, предизвикувајќи сериозна и намерна повреда на Пит“.

Слични содржини