Бред Пит ја реновираше куќата на својата шминкерка (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Холивудскиот актер Бред Пит направи добро дело за својот пријател и стана доста емотивен во текот на целиот процес.

Тој им се придружува на Дру и Џонатан Скот во нивното последно шоу за да помогне на својата пријателка, шминкерката Жан Блек, да има подобар дом. Не само што го избра дизајнот на куќата, тој ги засука ракавите, се фрли на работа и се потруди за дел од уривањето на старата структура.

Шармантниот 56-годишен актер зборува за неговото пријателство со Жан откако неа ја одбра за изненадување за реновирање на домот.

– Таа е моето семејство, ние сме како брат и сестра. Таа е личност која многу ја ценам во мојот живот, рече Бред.

Жан тргна на пат три недели, период во кој браќата Скот ја обновија нејзината гаража, во што помогна Бред Пит. Во нејзиниот дом во Калифорнија, Санта Моника, го реконструираа и нејзиното студио за шминка, спална соба, кујна и бања.

„Долго чекав да се реновира оваа дупка и јас сум многу среќен“, рече Бред, бидејќи а Жан беше без зборови кога ги виде реновирањата.

Шминкерката и актерот имаат работено заедно на над 40 филмови на Пит и многу добро се разбираат.

Можете да видите како сето тоа изгледаше во видеото подолу:

 

Слични содржини