Бред Пит со нов имиџ по излегувањето од карантин (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Холивудскиот актер Бред Пит во карантин се препуштил на околностите и решил да ја остави косата да расте подолго, и очигледно не се довел во искушение да ја скрати сопствената коса, како некои негови колеги.

Освојувачот на Оскар во последно време носеше нешто пократка, уредно исечена и стилизирана руса коса, претежно средена со гел, но сега тој е снимен на улиците на Малибу во друго издание, кое успеа да ги изненади и збуни сите, најмногу затоа што ниту една од овој омилен на жените не очекуваше да се „запусти“ вака.

Имено, тој сега има подолга коса, скоро до рамена, а Бред го надополни овој опуштен изглед со искинати фармерки и маслинаста маица, и се чини дека тој не се грижи премногу за папараците кои беа во близина на неговиот дом.

Бред е снимен во друштво на басистот Фли на легендарните „Red Hot Chili Peppers“ додека разгледуваа мотоцикл на улица. Патем, Бред и Фли се пријатели многу години. Тие имаат неколку заеднички интереси како мотоцикли и дизајнерски мебел што сакаат да ги купуваат заедно. Тие исто така го делат заедничкиот духовен исцелител Сата Хари Калс.

Слични содржини