Бред Пит започнува сопствен бизнис и го остава актерството

од Aleksandar Petrovski

Актерот Бред Пит е еден од најпочитуваните во неговата индустрија и со неговите славни улоги е испишан во историјата на холивудскиот филм.
Сепак, тој изгледа дека решил да сврти нов лист и да започне да се занимава ни повеќе ни помалку туку со пчеларството, пренесува таблоидот „National Enquirer“. Него со овој бизнис го запознал неговиот пријател и колега Леонардо Ди Каприо.

– Тој целосно полуде за тоа, дури и изгради огромни кошници за пчели во градината на неговиот дом во Лос Анџелес – откри изворот и додаде дека Бред Пит е презаситен со глума, со која се занимава со години, но и папараците и светлата на рефлекторите.

– Тој тврди дека глумата е за некои помлади генерации. Сега му треба нешто посмирено и останува само прашање на време пред да му каже „збогум“ на Холивуд и да се посвети на своето омилено хоби, пчеларството – вели неименуван извор близок до актерот за споменатото списание.

Слични содржини