БРЕД ТЕ ИЗНЕВЕРУВА: Пијаната Анџелина ѝ се јавила на Џенифер Анистон!?

од Elena Daskalova

Еуфоријата околу смирувањето на Џенифер Анистон и Бред Пит никако не се смирува, иако нема никаква официјална потврда дека тоа навистина се случува.

Но, на таблоидите е да шпекулираат, па овојпат на неколку забавни магазини излезе вест дека Анџелина Џоли ѝ оставила говорна порака на Џенифер Анистон дека Бред Пит не е сменет и дека веќе има и друга жена.

Наводно, Анџелина не може да се помири што Бред се враќа кај првата сопруга. Таблоидите наведуваат дека Џенифер не поверувала на тоа што Џоли ѝ го кажала.

Но, ниту една од засегнатите страни досега не излегла да ја потврди или демантира оваа информација.

Слични содржини