Бредли и Ирина постигнаа договор: Заедно ќе се грижат за детето

Руската менекенка Ирина Шајк и американскиот актер Бредли Купер конечно постигна договор околу старателството над заедничката ќерка.

Спроед последните информации, на почетокот на оваа година завршиле преговорите. Постојата адреса на манекенката и актерот ќе биде Њујорк, а грижата околу детето ќе ја делат заеднички.

Кај кого ќе биде малечката Леа, зависи од договорите и распоредот, со оглед на природата на нивната работа. Ирина и Бредли многу брзо е согласија и ги договорија деталите, а доброто на нивната ќерка им е на прво место. Изминативе дена Леа времето го поимнува со мајката и често се забележани на прошетка низ улците на Њујорк.

За потсетување, парот прекина по четири години врска. Постоеја бројни претпоставки за причините, а се започна под сомнението дека Бредли ја изневерил Ирина, поради односот со пејачката и актерка Леди Гага.

Се чини дека актерот и манекенката, и покрај гласините, сепак успеале да останат во пријателски односи и се да решат на мирен начин.

Слични содржини