Бредли Купер и Лејди Гага повторно заедно

од Vladimir Zorba

Бредли Купер повторно ќе се состане со Лејди Гага. Тие ќе имаат уште еден настап заедно. Актерот и пејачката ќе ја изведат песната “Шелоу” на фестивалот Гластонбери.

Бредли веќе разговараше со организаторите на фестивалот, вели ОК списанието. Лејди Гага и Бредли Купер веќе ја изведоа песната за време на церемонијата на доделување Оскар.

“Шелоу” (Плитко) е од филмот, во кој двајцата беа партнери на екранот, а Купер исто така беше режисер за продукција. Нивниот настап за време на Оскарите беше доста емотивен, и беше зборувано дека пренесуваат и романтични искри.

Лејди Гага и Бредли Купер ги демантираа ваквите тврдења, но  Купер веќе не живее со мајката на детето Ирина Шејк.

На фестивалот во Гластонбери кој е и најголемиот музички фестивал, се очекува да се појават уште The Killers, The Curе, Џенет Џексон, Мајли Сајрус и Лиам Галагер.

Бредли Купер всушност не доаѓа на фестивалот за првпат. Тој беше на сцената и пред некое време, кога беа снимени кадри за филмот “Се роди ѕвезда”.

Слични содржини