Брегу за „Мал Шенген“: Ова е иницијатива која се развива и е нужна

од Aleksandar Todeski

Иницијативата со т.н. Мал Шенген од Охрид и Нови Сад ја разбираме како активност која се развива, која е нужна и треба да се разгледа, рече синоќа генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка, Мајлинда Брегу.

„Регионалната соработка има смисла кога нејзината конечна цел е интеграција во Европската унија. Со оглед дека суштината на процесот е поврзување на пазар и луѓе, веруваме дека секоја иницијатива која има за цел решително отстранување на пречките во нашиот регион е нужна и треба да се разгледува“, истакна Брегу.

Брегу додаде дека сите шест земји од регионот уште во 2017 се обврзале на градење на заеднички економски простор, а дека во јули годинава на самитот во рамките на Берлинскиот процес, РСС изнел предлог за спогодба за патување со лична карта во целиот регион.

„Свесни сме дека билатерално ова е тешко да се оствари, но сите заедно успеавме во договорот за намалување на цените на роамингот кој беше потпишан од сите шест економии. Таа политичка волја може да се повтори“, изјави Брегу.

Слични содржини