Бремена жена упадна на свадба и викна: „Носам твое дете“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Маж и жена беа само на неколку моменти од тоа да станат брачни другари кога една бремена жена упадна на нивната церемонија тврдејќи дека носи дете на младоженецот, оставајќи го парот пред олтарот во целосен шок.

Нивната церемонија на отворено ја прекина несакана гостинка, бремена жена која започна да вика кон младоженецот, а еден од гостите на свадбата, што се одржа во Детроит, Мичиген, фати незгоден момент и го сподели на популарната апликација TikTok.

На краткото видео се прикажани младенците што стојат на нивната свадба додека свештеникот ги чита нивните брачни обврски. Потоа се појави лута жена, им се приближи од позади и почна да вика на младенците.

„Ентони! Се преправаш дека не ме познаваш? Не ги испи лековите денес? “, се слуша на снимката.

Свештеникот се обиде да ја игнорира и да продолжи со церемонијата додека гостите вчудоневидено коментираа и ја следеа ситуацијата.

„Ентони! Знам дека можеш да ме чуеш! Се однесуваш како да не ме познаваш… Јас носам твое дете! “, продолжи трудницата.

Едвај тогаш ќерката на невестата ги фрли цвеќиња, кои ги имаше во рацете, кон жената.

„Подобро напушти ја свадбата на мајка ми. Што не е во ред со тебе? “, викна нејзината ќерка.

Видеото стана многу популарно на апликацијата TikTok уште од објавувањето, при што доби повеќе од девет милиони прегледи.

@danielleondemand

Pregnant 🤰🏾side chick crashes wedding ##foryoupage ##drama ##wedding ##sidechick

♬ original sound – danielleondemand

Слични содржини