Бремената Ријана не се откажува од секси изданија (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Поп ѕвездата Ријана, како вистинска модна икона не се откажува од својот секси стил ниту во бременоста.

Тоа уште еднаш го потврди на модната недела во Милано, каде се појави во најкраткиот можен фустан, кој исто така беше проѕирен, па јасно беше дека под него нема градник.

Големиот процеп на предниот дел го привлече вниманието на нејзиниот труднички стомак, кој не престанува да го покажува откако таа објави дека е бремена кон крајот на јануари.

Со неа во Милано беше и нејзиното момче и иден татко на детето, раперот АСАП Роки, кој не ја испушташе од раце.

Веста за породувањето Ријана ја објави и со разголени фотографии направени на улиците на снежниот Њујорк, а за снимањето облече долга розова јакна која ја откопча и го откри својот стомак. Таа претходно неколку месеци успешно ја криеше својата бременост од јавноста.

За нејзината врска со АСАП Роки почна да се шпекулира неколку месеци откако раскина со милијардерот Хасан Џамел на почетокот на 2020 година, а неодамна се појавија гласини дека тие се свршиле.

Тие беа пријатели со години пред тоа, а интересно е што првите гласини дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство се појавија уште во 2013 година, но раперот тогаш коментираше само дека Ријана е секси, но не ја гледа со тие очи.

Слични содржини