Брестовац: Египет е фаворит, ние имаме проблем со осцилациите во тимот

Македонската ракометна репрезентација денес од 18 часот, го игра својот втор дуел во рамки на СП во Египет, и тоа токму против репрезентацијата на домаќинот.

Во овој меч, фаворитската улога е на страна на домаќинот, а селекторот Брестовац во пресрет на овој меч, ги гледа проблемите во осцилациите на младиот состав на С.Македонија, што секако е клуч кога се работи за ритамот на дуелите.

Исто така, македонскиот селектор смета дека континуитетот на доби игри и успеси на Египет на големите натпреварувања е од големо значење за овие натпревари, такашто денес домаќинот ќе биде во голема предност.

Слични содржини