Брисел ги продолжи санкциите кон Москва за уште шест месеци

од Nikola Popovski

Денес ЕУ ги продолжи санкциите против Русија за уште шест месеци, воведени поради улогата на Москва во конфликтот во источна Украина.

Санкциите за првпат беа донесени во јули 2014 година како одговор на анексијата на Крим.

Од тогаш редовно се продолжуваат ограничувачките мерки. Најновото продолжување значи дека санкциите ќе бидат во сила најмалку до 31 јануари 2022 година.

ЕУ ги поврза санкциите со напредокот во спроведувањето на Договорот од Минск, кој повикува на воспоставување безусловен прекин на огнот и обете страни да го повлечат тешкото оружје од линијата за раздвојување во источна Украина.

Санкциите на ЕУ се насочени кон рускиот финансиски, енергетски и одбранбен сектор. Во сила се одделни мерки за ограничување на трговијата со анектираните територии на Крим и Севастопол.

Слични содржини