Брисел гори, ЕУ најавува нови мерки (ВИДЕО)

од Milan1

Во време кога ЕУ подготвува нови мерки, досега најголемите протести против мерките за ковид се одржаа во Брисел. Организаторите велат дека денеска на бриселските улици имало повеќе од 100.000 луѓе кои тврдат дека не се против мерките, туку против начинот на кој тие се носат.

Европската унија подготви нови препораки за земјите-членки да користат сертификати за коронавирус за патување во рамките на Унијата, според кои критериумите за слободно патување драстично се менуваат. Според новиот предлог, повеќе нема да се разгледува епидемиолошката состојба во земјата од која доаѓа патникот, туку неговата здравствена состојба.

Според првите проценки на полицијата, на улиците има десетици илјади луѓе, а организаторите тврдат дека ги има повеќе од сто илјади.
Демонстрантите кои шетаат по улиците на Брисел тврдат дека „ја бранат демократијата, човековите права и правото на устав“.

Ова е петти протест против мерките во последните два месеци, додека претходните четири ги одбележаа насилство и судири со полицијата.

Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги ослободи демонстрантите. Протестот привлече илјадници луѓе, од кои некои патуваа од Франција, Германија и други земји за да учествуваат. Демонстрантите извикуваа „Слобода! додека маршираа.

Слични содржини