Британец осуден во Сингапур на шест недели затвор затоа што не носел маска

од Stefanija Kuzmanovska

Судот во Сингапур осуди Британец на шест недели затвор, откако тој повеќе пати ги прекршил протоколите за коронавирус и не носел маска во јавноста.

Бенџамин Глин (40) беше прогласен за виновен по четири точки од обвинението поради тоа што не носел маска во воз во мај и за време на појавување на суд во јули, како и за предизвикување проблеми во јавноста и користење заканувачки зборови против јавните службеници.

Глин претходно беше подложен на психијатриска евалуација наредена од судија како резултат на неговото однесување и приговори на судот.

Тој вчера побара од судот да ги отфрли обвиненијата и побара да му се врати пасошот за да може да се врати во Британија за да биде со своето семејство, пренесува ТВ каналот ЦНА.

 

Слични содржини