Британец уапсен на протестот во Белград

од Vladimir Zorba

Безбедносно-информативната агенција (БИА) уапси Британец, кој учествувал на синоќешниот протест во Белград, јавуваат медиумите.

Мекмилан Џејмс Дејвид, британски државјанин, учествуваше на синоќешните протести во кои полицајците беа напаѓани со факели, камења и шишиња, а скршени се и прозорци и камери во српскиот парламент.

Ова, според српските медиуми блиски до власта, „уште еднаш го потврдува директното влијание на странските служби на протестите во Србија“.

Според првите информации, на синоќешните протести се уапсени 19 хулигани, кои претежно биле запрени на булеварот крал Александар, каде бегале по испукувањето на солзавец.

Според српските медиуми, имало апсења и во другите делови на главниот град.

Слични содржини