Британија за Украина: Поголемиот дел од Соледар е под руска контрола

од Stefanija Kuzmanovska

Руските војници и платеничките формации на групата „Вагнер“ најверојатно го контролираат поголемиот дел од градот Соледар во источна Украина, по напредокот што го постигнаа во последните четири дена, објави денеска британското министерство за одбрана во редовниот разузнавачки извештај.

Официјални лица во Киев објавија дека Москва ги засилила нападите врз Соледар во регионот Донбас, кој се наоѓа на неколку километри од Бахмут, и дека украинските сили даваат силен отпор и дека двете страни претрпеле големи загуби.

Во извештајот на британското разузнавање се наведува дека „со преземање на Соледар, руските сили многу веројатно се обидуваат да го опколат Бахмут од север и да ги нарушат украинските линии на комуникација“, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини