Британија ги суспендира даноците на американските технолошки гиганти

од Vladimir Zorba

Британија се согласи постепено да го укине данокот што им го воведе на американските технолошки гиганти како Google и Facebook, пишува The Guardian. На овој начин ја спречи заканата од одмазднички тарифи од САД.

Сепак, договорот меѓу двете земји ќе го задржи данокот за дигитални услуги до 2023 година, кога ќе се одржат преговори за нов тип глобален даночен систем.

Велика Британија, САД, Австрија, Велика Британија, Франција, Италија и Шпанија постигнаа договор за премин од национални даноци за дигитални услуги, оспорувани од Вашингтон, кон нов глобален даночен договор. Тоа беше постигнато откако 136 земји се договорија за план според кој големите мултинационални компании плаќаат даноци во земјите во кои работат и се обврзуваат на минимална стапка на корпоративен данок од 15%.

Данокот за дигитални услуги во Велика Британија беше воведен во април минатата година и сочинува 2% од бруто приходот на сите дигитални гиганти. Вчера британското Министерство за финансии соопшти дека го убедиле Вашингтон да не воведува царини како „одмазда“ за данокот, кој на крајот најмногу ги погодува токму американските компании. За возврат, сепак, Британија се согласи навреме да го укине данокот во корист на ново глобално решение.

„Всушност, тоа отсекогаш била намерата на Британија“, соопшти Министерството за финансии.

Велика Британија е во првите редови на напорите за меѓународно решавање на даночниот предизвик на меѓународните технолошки компании речиси една деценија. Ова е и клучниот приоритет на британското претседателство со Г7. Дискусиите ќе продолжат
и во наредните месеци додека светските лидери не одлучат како точно да го воведат новиот данок.

Слични содржини