Британија го поддржува Гуаидо, за Кремљ Мадуро е легитимен претседател на Венецуела

од desk2

Британија го поддржува опозицскиот лидер на Венецуела Хуан Гуаидо како претседател на демократски избраното Национално собрание, соопшти денеска портпаролот на британската премиерка Тереза Меј, истакнувајќи дека претседателските избори одржани во Венецуела во 2018 ние беа ниту слободни, ниту фер.

– Во целост го поддржуваме демократски избраното Национално собрание со Хуан Гуаидо како претседател, истакна портпаролот.

Според него, Британија ја смета за сосема неприфатлива одлуката на Венецуела за прекин на дипломатските односи со САД. јт/

Од друга страна пак, Николас Мадуро за Кремљ е легитимен претседател на Венецуела, а обидите на опозицијата да ја узурпира власта ги сметаме за нелегални, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
На новинарско прашање дали Москва ќе му даде политичко прибежиште на Мадуро, ако го побара тоа, Песков одговори дека „Мадуро е легитимен претседател на Венецуела и затоа таквото прашање Русија го смета како неумесно“.
Тој додаде дека обидите на опозицијата да ја узурпира власта, Москва ги третира како кршење на меѓународното право.
Песков информира и дека Венецуела за сега не барала помош од Русија.

Слични содржини