Британија на второто место во Европа по бројот на смртни случаи од корона

од Nikola Popovski

Обединетото Кралство забележа рекорден број на нови случаи на Ковид-19 од јули минатата недела, покажаа денеска владините податоци, еден ден откако премиерот Борис Џонсон ги намали шансите за враќање на карантинот.

Околу 333.465 луѓе во Британија биле позитивни на Ковид-19 во изминатите седум дена, што е за 15 отсто повеќе од претходната недела, а воедно е рекорден неделен број од 21 јули, пишува Ројтерс.

Дневните податоци покажуваат дека денеска се потврдени 44.985 нови случаи, наспроти 49.298 во петокот.

Смртноста од последиците на коронавирусот се зголеми за 12 отсто во текот на неделата, а вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата моментално изнесува 139.461, што е втор најголем број во Европа по Русија.

Вакцинацијата ја намали смртноста во споредба со претходните бранови на пандемијата, но болниците се преоптоварени.

Владините здравствени советници во петокот рекоа дека ќе треба да се направат подготовки за евентуално повторно воведување на построги мерки, како што е работа од дома.

Премиерот Џонсон во петокот рече дека не очекува враќање на карантинот.

„Не гледаме апсолутно ништо што укажува на тоа дека карантинот е на повидок“, рече тој.

Слични содржини