Британија нема масовно да вакцинира тинејџери, вакцината оди само кај ранливи групи деца

од Vladimir Zorba

Британските министри одлучија дека нема да има масовни вакцинации на тинејџери во таа земја, пренесе „Телеграф“. Наместо тоа, вакцината оди кај ранливите деца на возраст од 12 до 15 години и оние кои наскоро ќе наполнат 18 години.

Се верува дека Комитетот за вакцинација и имунизација (JCVI) ги советувал министрите да не воведуваат вакцини за сите деца се додека не се добијат дополнителни докази за ризиците. Дозите на вакцината ќе им бидат понудени на деца на возраст од 12 до 15 години кои се сметаат за ранливи на коронавирус или кои живеат со возрасни лица кои се имуносупресирани или на друг начин се ранливи на вирусот.

Вакцината, исто така, ќе им биде понудена на сите 17-годишници во рок од три месеци од нивниот 18-ти роденден, според „Телеграф“, кој објави дека Комитетот ќе ја следи можноста за вакцинирање на сите деца.

Велика Британија вчера имаше 54.674 нови случаи на инфекција, а меѓу заразените е и министерот за здравство Саџид Џавид.

Слични содржини