Британија: Нема опасност од ескалација во Украина

од Vladimir Zorba

Министерот за вооружени сили на Велика Британија, Џејмс Хипи денеска изјави дека не мисли дека постои непосредна закана од ескалација на војната во Украина, реагирајќи на последната изјава на Лавров за опасност од нуклеарен конфликт.

Лавров рече дека меѓународната заедница не треба да ја потценува значителната опасност од нуклеарен конфликт и нагласи дека фактот што НАТО и испорачува оружје на Украина во суштина значи дека западната Алијанса индиректно војува со Русија, наведува Ројтерс.

Пошироката меѓународна заедница, а не НАТО, дава воена поддршка на Украина, рече Хипи, реагирајќи на последната изјава на рускиот министер за надворешни работи.

Слични содржини