Британија преговара за модифицирани дози на „АстраЗенека“

од Stefanija Kuzmanovska

Владата на Велика Британија е во преговори со Универзитетот Оксфорд и „АстраЗенека“ околу дополнителни дози вакцини против ковид-19 кои се модифицирани за подобро да се борат против „бета“ видот, откриен во Јужна Африка.

Се додава дека Велика Британија ќе плати за тестирањето на вакцините.

Велика Британија досега обезбеди 100 милиони дози вакцини на „АстраЗенека“, а Министерството за здравство наведува дека дополнителни дози се наменети за насочување на „бета“ видот, објави денеска „Ројтерс“.

Оксфорд го смета овој вид за приоритетен во борбата против короната, додека „АстраЗенека“ најави развој на нови вакцини против разни видови до есен.

Министерот за здравство Мет Хенкок следната недела ќе биде домаќин на колегите од групата Г7 во Оксфорд и ќе ја нагласи улогата на Велика Британија во проектот Оксфорд-АстраЗенека.

Слични содржини