Британија: Прва пресуда за убиство со оружје направено со 3Д печатар

од Vladimir Zorba

Човек кој со помош на 3Д печатар направил огнено оружје  опасно  по живот е прва личност осуден во Британија за такви обвиненија.

Оружјето беше откриено кога полицијата изврши рација во потрага по дрога во центарот на Лондон во 2017 година.

Тендаи Мусвере, кој се изјасни за виновен за производство на огненото оружје во Судот во Саутварк, им рече на детективите дека отпечатил 3Д пиштол за универзитетски проект, но полицијата открила дека тој го пребарал интернет за да гледа видеа како со прави оружје што може да испукува боева муниција.

Полицијата соопшти дека тоа е прва пресуда во Британија во врска со пиштол изработен со 3Д печатар.

Слични содржини