Британија се подготвува за големиот ден: Генерална проба на венчавката

од desk2

 

Организаторите на кралската венчавка на принцот Хари и Меган Маркл се подготвуваат за проба пред церемонијата без невестата и младоженецот.

Планерите на венчавката ќе ја искористат денешната проба за да ги финализираат деталите од гала венчавката, окја ќе се одржи во сабота во капелата на црквата „Свети Џорџ“ на имотот на замокот Виндзор.

Во рамки на венчавката планирано е 25-минутно возење со кочија на принцот Јари и Меган маркл на имотот по завршувањето на церемонијата.

На венчавката ќе присуствува и воен контингент со оглед на тоа дека Хари повеќе години служеше во војската.

Се уште не се знае кој ќе ја однесе невестата до олтарот, затоа што тоа требаше да го направи нејзиниот татко, но тој има проблеми со срцето.

Нејзината мајка Дорија Регланд може да го направи тоа доколку биде потребно, наведува АП.

Слични содржини