Британија воведе „најстроги економски санкции кои Русија некогаш ги видела“

од Vladimir Zorba

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека неговата земја целосно ќе ги замрзне средствата на сите големи руски банки и дека тоа ќе бидат „најголемите и најстрогите економски санкции кои Русија некогаш ги видела“.

Тој најави и закон следната недела со кој ќе се оневозможат руските компании да работат на британскиот пазар, пишува Би-Би-Си

Додаде дека ќе бидат воведени ограничувања за износот што Русите можат да го депонираат во британските банки, додека бројот на оние чии средства ќе бидат замрзнати ќе биде околу 100.

На руската авиокомпанија „Аерофлот“ ќе и биде забрането да лета во Британија, додека ќе биде спроведена „построга контрола на извозот“ на технологијата што се продава во Русија.

Слични мерки ќе бидат воведени и против Белорусија, рече Џонсон.

„Олигарсите во Лондон нема да имаат каде да се кријат“, дециден беше тој.

Џонсон рече дека Украинците и пружиле „жесток отпор“ на Русија, која синоќа ја започна инвазијата на Украина, нарекувајќи го рускиот претседател Владимир Путин „ладнокрвен агресор“.

Слични содржини