148
Велика Британија за 30 проценти ќе ги зголеми средствата за борба против тероризмот после нападите во Париз, соопшти денеска министерот за финансии Џорџ Озборн.
Тој додаде дека е уверен дека Британија ќе може да се избори со евентуални поголеми терористички напади.
Озборн би требало во среда да одржи говор за ревизија на буџетот.
Тој исто така рече дека поради тешките одлуки кои се носат, на војската треба да и се даде повеќе средства и да преземе акција да се спречи внесување оружје во земјата, и истовремено да се справи со наоружани напаѓачи на британските улици, пренесува ББС.