Британија: Иран најверојатно испратил дополнителни дронови во Русија за напади врз Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Британското министерство за одбрана денеска соопшти дека Иран можеби ѝ испратил на Русија дополнителни дронови камикази Шахид користени во нападите во Украина.

Британското министерство во објава на Твитер наведува дека од почетокот на овој месец Русија лансирала најмалку 71 иранско беспилотно летало на цели во Украина, пренесува „Танјуг“.

Се додава дека нападите во март следеа по двонеделниот прекин во нападите со руски беспилотни летала на крајот на февруари.

Според британското министерство, тие податоци сугерираат дека Русија во меѓувреме најверојатно добила помал број нови беспилотни летала од Иран.

Слични содржини