Британка советува – секоја жена треба да го изневери сопругот

од desk4

Љубовта е превртлива работа која може да ви се „удри“ од глава ако погрешно ја сфатите или претерате. Една Британка многу гласно и искрено зборува за своите искуства и се претставува како секс експерт, а нејзиниот поранешен сопруг Стивен се сложил да имаат отворен брак. По неговата смрт, Луиза продолжила да експериментира со неколку партнери истовремено и признала дека никогаш немала грижа на совеста.


Дури ни кога постелата ја делела со оженети мажи, а според нејзините пресметки, спиела со повеќе од 80 зафатени мажи. Со години била остар противник на моногамијата и ги охрабрувала другите да имаат отворени врски, но по 15 години талкање, таа минатата година, од корен, го сменила својот начин на живот и ставовите.
Имено 45 годишната бринета се запознала со 12 години помладиот Метју, со кој сега е во моногамна врска. Се запознале случајно, на еден бизнис разговор, но брзо сфатиле дека меѓу нив постои хемија. Се договориле да се најдат во лобито од хотелот каде престојувале и цела вечер ја поминале во пријатен разговор.
По една недела објавиле свршувачка, а таа признала дека „по само една недела почнале да ѝ недостигаат секојдневните работи од нормалните врски“.
– Да се биде верен во врската е навистина здодевно. Зошто сета убавина да му ја подарите само на еден маж, дозволете им на другите да уживаат во нејзе а и вие во нив. Секоја жена треба да го изневери мажот од неколку причини- за да ја сочува својата младост и секогаш да се чувствува посакувано.

Слични содржини