Британската антитерористичка полиција уапси три лица по експлозијата во Ливерпул (ВИДЕО)

од Milan1

Британската антитерористичка полиција уапси три лица по експлозијата на автомобил пред болницата за женски болести во Ливерпул во која загина едно лице а уште едно е рането.

Полицијата објави дека патникот во автомобилот кој експлорирал бил прогласен мртов на самото место, додека возачот е пренесен во болница и е во стабилна состојба.

Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател на Твитер објави дека добива редовни извештаи за инцидентот.

Тројца мажи на 29, 26 и 21 година, се уапсени во квартот Кенсингтон според законот за тероризам, соопшти полицијата.

Засега е познато дека автомобилот кој се запрел пред болницата непосредно пред експлозијата околу 11 часот по локално време, всушност било такси возило.

„Сѐ уште работиме на тоа да откриеме што се случило. Се обидуваме да сфатиме што ја предизвикало експлозијата, но имајќи предвид како тоа се случило, истрагата ја води антитерористичката полиција со помош на полицијата на Мерсисајд“, изјави за медиумите полициската началничка Серена Кенеди. Сепак, инцидентот засега не е класифициран како терористички чин.

Слични содржини