Британската мутација најфреквентна во Охрид и Прилеп

од Берта Китинска

Во земјава британската мутација на ковид 19 се шири. Според податоците на лабораторијата на ИЦГИБ-МАНУ во периодот од 1 јануари до 7 февруари, 2021 е утврдено присуство на СарсКов2 вирусот од Велика Британија кај 45 примероци на брисеви од заразени лица.

-Првиот пациент со овој тип на вирус во оваа лабораторија е дијагностициран на 13.01.2021 во Охрид и оттогаш неговата застапеност прогресивно се зголемува. Во моментот оваа варијанта на вирусот е најфреквентна во Охрид и Прилеп, а е присустен и кај одредени пациенти во други градови: Тетово, Струга, Куманово, Штип, Велес, соопштија од министерството за здравство.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 41460, активни 3215

Куманово 5275, активни 257

Тетово 5198, активни 252

Прилеп 4644, активни 151

Гостивар 3661, активни 144

Штип 3527, активни 82

Битола 3269, активни 122

Велес 3185, активни 217

Охрид 2933, активни 381

Кавадарци 2771, активни 336

Струмица 2578, активни 162

Струга 2279, активни 170

Кочани 1749, активни 48

Кичево 1736, активни 91

Свети Николе 1090, активни 23

Гевгелија 1039, активни 100

Неготино 993, активни 62

Дебар 775, активни 77

Ресен 756, активни 71

Крива Паланка 739, активни 35

Радовиш 730, активни 47

Делчево 665, активни 193

Берово 606, активни 29

Пробиштип 515, активни 26

Виница 499, активни 28

Валандово 330, активни 9

Демир Хисар 252, активни 10

Македонски Брод 247, активни 10

Кратово 238, активни 24

Богданци 226, активни 8

Демир Капија 224, активни 47

Крушево 220, активни 36

Македонска Каменица 192, активни 9

Пехчево 183, активни 7

Дојран 87, активни 7

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.871, бројката на оздравени пациенти е 85.439, на починати е 2.946, а бројот на активни случаи изнесува 6.486.

Слични содржини