Британската полиција го уапси Џулијан Асанж

од Vladimir Zorba

Креаторот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, денес беше уапсен од британската полиција. Полицијата била поканета во Еквадорската амбасада во Лондон, каде што Асанж живее од 2012 година.

Еквадорската држава го повлече азилот, што претходно му го обезбеди на Асанж. Претседателот Ленин Морено изјави дека тоа е направено поради повеќекратни прекршувања на меѓународното право и дека добил гаранции дека Асанж нема да биде екстрадиран во држава каде го загрозува смртна казна. (Во Шведска, која сакаше да го приведе со години, не постои такво нешто, но во САД – да.)

Формалната причина за апсењето е дека Асанж одбил да се појави пред британски суд во 2012 година. Тој ќе остане во притвор пред да биде изведен пред суд што е можно побрзо, соопшти лондонската полиција.

Портпаролот на Кремљ изрази надеж дека правата на Асанж нема да бидат повредени.

Односите на Асанж со Еквадор се затегнати откако земјата го обвини за дистрибуција на личните податоци на претседателот Морено. Вчера „Викиликс“ соопшти дека Асанж е шпиониран и видео, аудио, фотографии, документи, па дури и медицински информации се нашле во рацете на група луѓе во Шпанија, кои се закануваат да ги објавуваат податоците, ако не добијат 3 милиони евра.

Асанж живее во амбасадата веќе седма година, со цел да избегне екстрадиција во Шведска, каде што се очекуваше да биде испрашуван за сексуално насилство. Истрагата беше прекината, но основачот на „Викиликс“ се плаши дека Велика Британија може да го екстрадира во САД, каде што исто така го очекуваат дела, заради активностите на неговата организација. Таа објави стотици илјади доверливи дипломатски документи, вклучувајќи и за војните во Авганистан и Ирак.

Слични содржини