Британската рибарска индустрија разочарана од договорот за „Брегзит“

од Vladimir Zorba

Британската рибарска индустрија е разочарана што трговскиот договор за Брегзит постигнат со Европската унија не предвидува поголемо намалување на пристапот до британските води што моментално го има блокот, изјави претставникот на здружението на британски рибари, Бери Деас.

„Индустријата ќе биде горко разочарана што ова не е дефинитвно раскинување, изјави за Ројтерс Деас, извршен директор на Националната федерација на риболовни организации.

Претходно истиот ден британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека Велика Британија се согласила на „разумен“ пет и полгодишен преоден рок со ЕУ во однос на риболовот, подолг од трите години што ги посакувала, но пократок од 14-те години што првично ги побара ЕУ.

Деас рече дека најголемата грижа за индустријата најверојатно ќе биде одлуката да им се дозволи на рибарските бродови на ЕУ да продолжат да работат до шест милји од брегот на Велика Британија, што е половина од границата од 12 милји што ја бара индустријата.

Поддржувачите на Брегзит велат дека риболовот е симбол на суверенитетот и дека риболовните области во британските води треба да бидат првенствено за британските екипи за риболов. ЕУ се обиде да обезбеди пристап на бродовите од земјите-членки како што се Франција и Холандија.

Слични содржини