Британската влада одлучи: Принцот останува без големата почест

Британската влада во четвртокот ја смени праксата за подигање на знамињата за кралските родендени и тие веќе нема да се истакнуваат за роденденот на принцот Ендрју.

Промената е воведена како би ги опфатила припадниците на кралското семејство кои се повлекле од јавноста и не вршат должности.

Принцот Ендрју на 19 февруари ќе го прослави 60 роденден.

Вториот син на кралицата Елизабета се повлече од јавноста по катастрофалното телевизиско интервју во кое го бранеше своето пријателство со починатиот Џефри Епштајн, кој беше обвинет како сексуален предатор.

Според досегашните правила, со подигање на британското знаме се обележуваа родендените на британската кралица и нејзиниот сопруг, денот на нивната венчавка и родендените на нивните четири деца, како и на принцот Вилијам и сопругата Кејт.

Ендрју ги негира тврдењата дека имал сексуален однос со 17-годишната девојка која му ја наместил милионерот Епштајн, кој беше пронајден мртов во затворот минатиот август.

Принцот беше остро критикуван од јавноста за тоа што не успеал правилно да објасни зошто не ги прекинал врските со наводниот предатор, кога обвиненијата излегле во јавноста и за тоа што не покажал емпатија кон наводните жртви на Епштајн.

Слични содржини