Британски авиони повторно пресретнале руски „сухои“ над Балтикот

од desk4

Британското кралско воздухопловство (РАФ) денеска соопшти дека два нивни авиони распоредени во Естонија, во два наврати во последните неколку дена пресретнале руски авиони.

РАФ соопшти дека од преземањето на мисијата за чување на балтичкиот воздушен простор во мај, до денеска имал вкупно осум пресретнувања на руски авиони.

Британски авиони од типот „јурофајтер тајфун“ во петокот пресретнале руски воени авиони „Су-30“, а прелетале и руски воен транспортен брод кој ги следел авионите преку Балтичкото Море.

Во саботата британски авиони пресретнале руски „Су-30“ и транспортен авион „Илјушин Ил-76“, кои тргнале северно од руската област Каљинград кон естонскиот и финскиот воздушен простор.

Британските авиони ги следеле руските 15 минути пред да ги предадат на одговорност на фински авиони на границата на воздушниот простор.

Руското Министерство за одбрана викендов соопшти дека Руската балтичка флота надгледувала заедничка вежба на НАТО „Балтопс-2019“.

Слични содржини