Британски доктор открива дали треба да носиме маски кога излегуваме надвор

од Nikola Popovski

Мислењата околу носењето заштитни маски се поделени.

Во разговор за Скај њуз, д-р Ричард Пебоди, водач на тимот на Европската Светска здравствена организација, се обидел да објасни одредени нејаснотии кога станува збор за носењето маска надвор.

Тој вели дека маските се навистина важни како лична опрема на здравстевните работници, како би се осигурала нивната заштита.

– Маските може да играат значајна улога кај заболените од ковид-19 вирусот, но нема докази дека се корисни за општата популација. Носењето маска може да ви помогне во купување на време за да се намали бројот на заболени во одреден момент, со цел здравствениот систем да може да дише – истакнал експертот.

Според Пебоди, сега е многу поважно да се грижите за хигиената и да се придржувате до мерката за социјална дистанца.

Слични содржини