Британски медиуми: Меган е под стрес и напната

од Vladimir Zorba

Меган Маркл е неверојатно напната и несреќна, а Хари се чувствува виновен за тоа. Ова го велат британските медиуми, според кои во последниве денови се покажа дека стресот не влијае на неа добро, и покрај нејзините насмевки пред камерите, таа се чини несреќна.

Во текот на изминатите неколку месеци, критиката кон војвотката од Сасекс е зголемена. Причината за ова се незапирливите настапи на нејзиниот татко по медиумите, кој тврди дека таа не сака да го гледа, како и шпекулациите за тоа дека Меган станала причина за влошувањето на односите меѓу принцот Хари и неговиот брат Вилијам.

“Меган е бремена, и има толку многу обврски. Не е можно јавното мислење да не влијае на тоа. Сето ова е толку стресно за неа “, изјави извор близок до британското кралско семејство. Тој додаде дека направи се од себе за да ги исполни своите обврски во последниве месеци и да го следи строгиот протокол.

Во меѓувреме од палатата Кенсингтон соопштија дека во новата година вкупно четири организации ќе поминат под покровителство на војвотката на Сасекс. Тоа се Националниот театар и Здружението на универзитетите од Заедницата на нациите, како и добротворните друштва „Смарт ворск” и “Меијхо”.

Се очекува Меган да го роди своето прво дете во март. Се зборуваше дека сопругата на принцот Хари одлучила да му даде живот на својот наследник под хипноза. Но, потоа беше објавено дека всушност ќе се породи во болница.

Слични содржини