Британски министер: Зборовите нема да ги запалат светлата оваа зима во Киев

од Stefanija Kuzmanovska

Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли денеска изјави дека ќе биде потребно повеќе од ветувањата за да се осигура дека Украина нема да остане без електрична енергија оваа зима, по посетата на главниот град на земјата.

„Зборовите не се доволни. Зборовите нема да ги запалат светлата оваа зима. Зборовите нема да бранат од руски ракети. Велика Британија не зборува само за Украина, ние даваме конкретна поддршка за одбраната на Украина“, напиша Клеверли во објавата на социјалната мрежа Твитер.

Слични содржини