Британски новинар: Америка се претвори во Балкан

од Vladimir Zorba

Актуелната состојба во Вашингтон го потсети британскиот новинар Тим Џуда на сцени што можеа да се видат на нашите простори во минатото, па тој по тој повод се огласи на Твитер.

„Америка сега целосно се претвори во Балкан“, коментираше вечерва на Твитер британскиот новинар и политички аналитичар во „Економист“.

Оваа реченица доаѓа во време кога Вашингтон „гори“, а толпата приврзаници на Трамп „дивее“ пред Капитол, но и во самиот Конгрес.

Да потсетиме, тоталниот хаос доаѓа вечерва од Вашингтон, каде приврзаниците на Трамп се судрија со полицијата на скалите на Капитол, додека Конгресот внатре ги потврдуваше изборните резултати и победата на Џо Бајден.

Имаше немири пред зградата на Капитол, а демонстрантите пробија неколку полициски барикади и упаднаа во Капитол. Се слушнаа истрели, испукан е солзавец, а американскиот потпретседател Мајк Пенс и членовите на Конгресот биле евакуирани од зградата.

Слични содржини