Британски пратеник суспендиран поради ширење дезинформации за вакцините против коронавирусот

од Radmila Tasevska

Конзервативниот пратеник Ендрју Бриџен е суспендиран поради ширење дезинформации за вакцинација против коронавирусот.

Пратеникот од северозападниот Лестершир на својот Твитер профил ги спореди вакцините со холокаустот, јавува Би-Би-Си.

Лидерот на ториевците Сајмон Харт рече дека коментарите на пратеникот „ја преминале границата“ и биле огромна навреда.

Премиерот Риши Сунак, исто така, ги осуди коментарите, нарекувајќи ја споредбата „целосно неприфатлива“.

Харт рече дека Бриџен ќе го загуби своето партиско место, што значи дека ќе биде независен во парламентот додека трае истрагата.

Слични содржини