Британскиот Парламент истражува луксузен одмор на премиерот Борис Џонсон, ги интересира кој го платил

од Aleksandar Petrovski

Британски парламентарен комитет почна истрага за луксузниот одмор на премиерот Борис Џонсон на Карибите за да се утврди кој го финансирал, пренесуваат британските медиуми.

Џонсон и неговата вереница Кери Сајмондс ја поминаа новогодишната ноќ на приватниот остров Мистик, во архипелагот Гренадини во Карипското Море. Британскиот премиер претходно изјави дека бизнисменот Дејвид Рос, инаку донатор на неговата Конзервативна партија, го платил одморот во висина од 17.300 евра.

Меѓутоа, Рос првично негирал дека му ја дал сумата на Џонсон, тврдејќи дека тој не поседува вила на Карибите и само му помогнал на Џонсон да организира аранжман. Неговиот портпарол подоцна рече дека станува збор за „плаќање во натура“.

Слични содржини