Британскиот Парламент ја презеде контролата над Брегзит

од desk4

Британските пратеници гласаа за да ја преземат контролата од Владаа над дневниот ред во Парламентот, со цел утре да можат да одржат низа гласања за алтернативните опции за Брегзит

Тоа е чин без преседан, со цел да се обезбеди мнозинство за која било опција за Брегзит.

За преземање на контролата над дневниот ред на Парламентот гласаа 329 пратеници, додека 302 беа против.

Пратениците би можеле да гласаат за седум различни опции, вклучително одржување на нов референдум, излегување од Европска Унија без договор или со договор каков што има Норвешка, а со кој Велика Британија би имала пристап до единствениот пазар на ЕУ и до зоните за слободна трговија. Една од опциите би можела да биде откажување од Брегзит.

Слични содржини